Втор ден од свадбата каква светот не памети: Кардашијан и Пријанка Чопра први дојдоа-а ова се познатите кои се чекаат како гости
Свадбата на индискиот милијардер Анант Амбани и неговата долгогодишна девојка Радика Мерчант официјално започна вчера и сите светски и домашни медиуми ја ставија во фокус оваа свадба. Екстравагантните предсвадбени прослави веќе привлекоа огромно внимание, а оние кои го следеа парот од самиот почеток очекуваат многу.
Меѓу гостите на свадбата беа забележани ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и нејзината сестра Клои, поранешниот британски премиер Тони Блер, борачот и актер Џон Сина, актерката Пријанка Чопра и нејзиниот сопруг Ник.
Меѓу гостите се Бил Гејтс, Хилари Клинтон и Марк Цукерберг кои присуствуваа на свадбата на сестрата на младоженецот во 2018 година.
Инаку, деталите за венчавката се чиста екстраваганција - од храната што ќе се служи до дрес кодот кој им бил испратен на гостите на девет страници.
„National News“ пренесуваат дека гостите ќе имаат пристап до услугите за перење алишта за време на викендот. Ќе бидат достапни и услугите на кројач, шминкер и фризер.
Она што особено шокираше многумина е фактот што испратија хеликоптери да земат одредени гости.
Прослава пред свадбата
Во март, парот имаше тридневна предсвадбена забава во градот Јамнагар, на која присуствуваа околу 1.200 гости. Светлосно шоу со 5.500 дронови го осветли небото над стаклената палата по нарачка за прославите каде што гостите танцуваа цела ноќ на настапот на Ријана.
На крајот на мај тие планираа четиридневно крстарење по Медитеранот за пријателите и семејството.Се жени синот на најбогатиот Индиец со пребогата наследничка: Дрес код на 9 страни, Ријана на микрофон, а еве ги лукс деталите!ФОТО: Инстаграм