Xerjoff - Спој на екстраваганција и слобода во шишенце

Добивај вести на Viber

Единствени мириси, лимитирани серии, колекции од извонредни парфеми кои настанаа како резултат на повеќегодишно истражување и развој, врвно уметничко знаење и голема посветеност и љубов.

Колекциите Shooting Stars, 17/17 Stone Label, Oud Stars, Join The Club, 1861, „V“, Coffe Break го отсликуваат спојот на луксузот и богатото, совемениот начин на живот. Брендот го карактеризираат долготрајни мириси кои освојуваат на секој чекор, креирани од најквалитетните компоненти. Спојот на екстраваганција и слобода во шишенце кои секогаш ќе сакате да ги задржите како драг спомен во вашиот дом.

Тешко е да се одбере еден фаворит помеѓу сите овие прекрасни мирисни композиции. Поради тоа, ви претставуваме неколку од нив.

La Capitale е посветен на градот Москва, но и целата Русија. Префинет парфем кој го отсликува шармот на оваа бескрајна земја, богат со традиција, култура, уметност и историја.

Сладок и пудрест... ќе го засакаат дури и оние на кои Русија не им е прва на листата од посакувани дестинации. Можеби после него и ќе го променат мислењето.

Coffee Break е колекција инспирирана со интригантна историја на интернационалната трговија со кафе. Топлиот и  егзотичен парфем Golden Dallah привлекува со својат неодоливо ориентален-зачински карактер.

More Than Words, еден од скапоценостите на колекцијата Join The Club, претставува таен клуб на писатели и поети. Инспириран е со разновидна литература и моќта на пишаните зборови. Уметничките визии се преточуваат на хартијата.

Доколку ве заинтригиравме, подигнете го својот истражувачки дух и зачекорете во Xerjoff Universe.

* ПР - објава