За да преживеам станувам во 4.30ч: Исповед на мајка со осум деца

Откако наполни 22 години, Клои Данстан од Перт веќе имаше три деца. После тоа, таа и нејзиниот сопруг Роан добија тројка, а потоа и близнаци! Работите станаа хаотични многу брзо.

За многумина е предизвик да заспијат мали деца, а во домот на Клои тоа е речиси воена операција.

„За да преживеам и да направам сè да функционира, морав да смислам нешто, а сѐ, се вклопува во еден збор - организација. И тоа беспрекорна. Денот ми започнува во 4.30 часот наутро!“, раскажува мајката.



„Додека ги заспивам бебињата, постарите деца се учат да се грижат за помалите. После тоа, додека готвам ручек, постарите деца ги средуваат играчките на помладите. Морав убаво да ги воспитувам, “поинаку не можеше да биде“, вели младата мајка на осум деца.

Таа станува во рани зори, подготвува храна и ги става алиштата да се перат. После тоа, бебињата имаат предност, а потоа дете по дете, сè до појадок.

Секој има свои одговорности, има простор за работа и игра, точно во 4.30 часот од децата се очекува да јадат, тренираат, да ги стават своите играчки и да бидат подготвени да го подготват следниот оброк. Оброците се едноставни и ефтини, претежно тестенини, зеленчук, со живина.


„Кога има некои бурни денови, јас не вечерам додека не ги заспијам сите деца. Знаете, децата имаат свој ред за капење и сушење на косата, а мојот сопруг помага додека ги заспивам близнацитe“, раскажува оваа млада мајка.

"Она што можам да го кажам е дека со текот на годините станува полесно, правиме систем, а другите деца им прават друштво на своите браќа и сестри. Многу е тешко да се усогласат кариерата, бракот и децата, но клучот е несебичноста и заедништвото. Ние навистина сме едно здраво, сакано и среќно семејство“, вели оваа необична млада жена.


Фото: Инстаграм

Изврор: Блиц.рс