ЗА МАЖИТЕ СЕКОГАШ ЌЕ СЕ НАЈДЕ РАБОТА И РАКОВОДНА ПОЗИЦИЈА – Зошто жените помалку работат?
Традиционално жените остануваат да бидат помалку вклучени на пазарот на труд во земајва. Податоците говорат дека, за разлика од мажите, жените помалку се вклучени во економските активности. Иако голем дел од нив се активни во домот, односно исполнуват домашни обрврски со деца, повозрасни членови, или други домашни активности, тоа не е опфатено во рботните процеси. Дополнително има и такви кои иако работат, тоа го прават без договори за работа, со што официјално остануваат надвор од пазарот на труд.
Бројките говорат дека во нашата земја дури 55,1 отсто од жените во земјва се кономски неактивни. Од оние кои се ангажираат на пазарот на труд, вработени се 38,3 протцени. Ова го покажуваат податоците од анализата на Државниот завод за статистика насловена „Жените и мажите“ за 2021 година. Повеќе на Фактор.мк
Фото: фреепик