За него Каролина Гочева кажа дека е најубавиот маж во нашата земја: Со која убавица е Дадар на Миконос (ФОТО)

Еден од најпознатите мејк ап артисти во земјава, Александар Билјановски - Дадар, паузира од работата и ги полни батериите за периодот кој следува, на одмор во Миконос.


За него поп дивата Каролина Гочева кажа дека е најубавиот маж во нашата земја. Многумина се согласија со тоа, а мејк ап артистот е потполно свесен за неговата убавина. Покрај тоа што шминка совршено, и ги нашминкал најголемите Балкански естрадни ѕвезди, секојдневно можеме да го видиме и во улога на манекен, секогаш е облечен убаво, стилски и знае да ги носи парчињата, а тоа не отсуствува ни кога е на плажа.

Од одморот во Миконос, Грција, тој објави неколку фотки на кои можеме да забележиме дека внимава на стилот.

A друштво на одморот му прави убавицата Софија Каракаева.

Софија Софи е долгогодишна пријателка на Дадар, тие често се појавуваат заедно на настани, и двајцата секогаш совршено стилизирани.

Трендсетерката Каракаева, богатата модна кариера ја започна со модни едиторијали и реклами за козметика, а голем љубител е на брендовите за висока мода како Шанел, Прада, Луј Витон, Балмаин, и други.

Повеќе фотки од Софија:

фотографии:instagram

(ФОТО) Дадар има сестра близначка: Дали си личат?