За оваа трансформација биле потребни 5 часа и 30.000 кристали: Можете ли да препознаете која пејачка се крие под оваа маска која ги шокираше Парижаните и светот?
Познатата модна куќа „Schiaparelli“ синоќа на Модната недела во Париз претстави нова колекција, а една гостинка се истакна со повеќе од ексцентричен стајлинг. Дали ќе можете да ја препознаете?
Во однос на ексцентричниот стајлинг, таа ја надмина дури и Кајли Џенер. И ги оправда очекувањата бидејќи со претходните модни изданија покажа дека е мајстор за модни шокови.
Пејачката беше во црвено, буквално од глава до пети. Црвениот сатенски корсет во комбинација со прекрасно здолниште со мониста и чизми до колена сигурно немаше да изгледа толку необично да не беа црвената боја и кристалите на нејзината кожа (забележете ги зашилените прсти на чевлите).
- Соработката со неверојатно талентираните Доџа Кет и Daniel Rosebery беше исто така апсолутно задоволство. Нејзиното трпение и посветеност додека се подготвуваше четири часа и 58 минути за да ја создаде оваа креација, покриена со повеќе од 30.000 рачно нанесени кристали Сваровски, беше навистина инспиративна. - изјави за Vogue шминкерот Пет Мекграт.
Дали успеавте да ја препознаете познатата раперка чие вистинско име е Амалија Дламини?
Беше потребно и трпение и храброст да се појави во вакво издание што ги шокираше Парижаните и публиката во Градот на светлината, а потоа и светот. Инаку во модата ваквата екстраваганција е повеќе од пожелна и за многумина сосема вообичаена глетка.
Пред да се појави во Париз, Доџа Кат се соочила со смртни закани од „фан“ откако го блокирала од приватен разговор на интернет, пренесува TMZ. „Се гледаме наскоро“, ѝ испратил заканувачка порака, а потоа случајот го презел полицискиот оддел во Лос Анџелес.
Фото: Инстаграм