За разлика од некои големи газди дечкото од Пелагонија не се ценкаше за хонорарот: Ми се смееја што ќе пуштам музика во студентски дом

Добивај вести на Viber

Панчо од дуото ДНК пушташе музика за студентите во студентскиот дом „Пелагонија“.

Панчо раскажа какви биле коментарите од блиски луѓе дека ја прифатил поканата да пушта музика за студентите.

„Ми се смееја зошто сум прифатил да пуштам во студентски дом… Тоа требало да ми биде испод чест со оглед на мојата репутација. Ја само им се насмеав и им кажав дека ќе им испратам видео од самото место“, напиша Панчо во објавата.

Обожавам вакви места, вели Панчо и вели дека е дете на народото и никогаш не се гледал повеќе од останатите луѓе.

„И да бидам искрен, сите кој беа присутни беа дојдени за да се забавуваат и ширеа само љубов и позитивна енергија. Студенти бре, чисти души“, вели Панчо.


Енегријата која ја доживеал на журката во Пелагонија ја немало ниту во најскапите локали во Македонија, а и хонорарот кој го земал бил без „цинкање“.

„Местото е мало но има поубава енергија од најубавите и најскапите локали низ Македонија, а најбитно од се, и покрај малата квадратура, евтината карта и пијачка, дечкото што ме покани (Благојче) не се ценкаше за хонорарот за разлика од некои “големи газди”. Судентски „Пелагонија“ ве обожавам“, стои во објавата на Панчо.