За сите идни мајки! BabyTest Plus и Advanced, најкомплетен неинвазивен пренатален тест, достапен единствено во Авицена Лабораторија

Добивај вести на Viber

Бременоста е еден од најубавите периоди во животот на секоја жена. Најголема грижа и желба на секоја мајка претставува здравјето и правилниот развој на нејзиното бебе.

Голем број жени се соочуваат со многу предизвици и одлуки штотреба да ги донесат, од моментот пред зачнувањето, па сè до раѓањето на бебето. Лабораториските тестови и лекарските прегледи се суштинска компонента во текот секоја бременост, тие обезбедуваат важни информации за следење на здравјето на идната мајка и на нејзиното бебе.

Нашата ДНК ги носи сите генетски информации штосе потребни за добро здравје и за правилен развој. Таа постои во форма на 23 парахромозоми во нашите клетки. Но, за време на бременоста може да се појават хромозомски абнормалности и да влијаат врз здравјето и развојот на бебето. Ваквите нарушувања неможат да се детектираат со вообичаените рутински тестови и прегледи.

Во Авицена Лабораторија е достапен BabyTest Plus и Advanced, генетски неинвазивен пренатален тест за брза и прецизна детекција од 99.9%, на најчестите хромозомски нарушувања кај плодот. Овој тест врши анализа на ДНК од плодот, која циркулира за време на бременоста во крвта на мајката,и со помош на новите технологииоваа ДНК се секвенционира и детално се анализира за можни хромозомски нарушувања кај плодот.

Што треба да знае секоја идна мајка за BabyTest Plus/Advanced?

Се прави по 9-тата гестациска недела од бременоста, преку земање едноставен примерок од венска крвво Авицена Лабораторија како и за секоја друга рутинска анализа, при што со овој начин, тестот нема никаков ризик врз мајката и врз плодот.

Тестот е комплетен и ги анализира сите 24 хромозоми од човечкиот кариотип, со висока прецизност на издадените резултати од над 99.9%,покрај останатите детектира и трисомии на хромозоми 16 и 22 најчесто поврзани со спонтани абортуси, го одредува полот на бебето, а постои и можност за тестирање на близначка бременост.

Верзијата BabyTest Advanced дополнително одредува 10 микроделеции, кои се поврзани со познати генетски синдроми.

BabyTest Plus и Advanced се достапни на 3, 6, 9 и 12 рати. Резултатите се издаваат за 6-7 работни дена заедно со целосниот медицински извештај. За подетални информации посетете ја веб-страницата www.avicenalab.com.mk.


 

ПР објава