Заборавете на црните салонки: Викторија Бекам го има совршениот пар чевли за црвен фустан

Добивај вести на Viber

Во впечатлив црвен фустан, идеален за свечени настани, модната дизајнерка Викторија Бекам беше фотографирана додека ја напушта својата канцеларија во Лондон. Поранешната пејачка на „Спајс грлс“ блескаше во миди креација со долги ракави со навистина специфичен крој.

И додека повеќето трендсетери ова парче гардероба би го искомбинирале со црни салонки на високи потпетици, Викторија одбра шпицести розеви чевли од превртена кожа. Розе-црвента комбинацијата често е на мета на модната критика, но храбриот потег на Бекам веројатно и овојпат ќе ги помести стандардите.