„Заедно, можеме да се соочиме со сѐ што ќе ни зададе животот!“: Марјан Коцев во нив ја наоѓа силата

Добивај вести на Viber

„Нема ништо слично како љубовта кон семејството. Во заедничката смеа, внатрешните шеги и моментите на поддршка ја наоѓаме нашата сила. Спомените што ги создаваме и многу други што доаѓаат. Заедно, можеме да се соочиме со сѐ што ќе ни зададе животот!“ 

Ова погоре е инспиративниот цитат кој на социјалните мрежи го сподели пејачот Марјан Коцев.

Не е прв пат пејачот без чија песна не може да се замисли ниту една семејна прослава или свадба, да ја искаже на ваков емотивен начин благодарноста кон најсветото - семејството од кое постојано црпи енергија и сила.

View this post on Instagram

A post shared by Marjan Kocev (@marjan.kocev.3)



Убавата сопруга Билјана и децата Дуња и Данило се секогаш покрај Марјан .

Популарниот фолк пејач кој е омилен во дијаспората е во брак со Билјана повеќе од 14 години. Се запознале на една свадба каде што пеел пејачот и по една година стапиле во брак.

-Јас бев беќар до 34 година. Откако ја запознав Билјана веќе животот тргна во друг правец. Јас бев подготвен уште веднаш на тоа и знаев што ме чека. Биљана уште на почетокот ја разбра мојата професија, мојата работа, моето отсуство и до сега сме немале проблем околу мојата професија, околу моите отсуства.

Ниеден брак не е совршен , па ни нашиот. Има падови, има и успеси. Има се. Но, и за секој проблем има решение. Седнуваме и разговараме за проблемот, за ситницата, за арно или за лошо. Со разговор сѐ се решава, изјави пејачот во една прилика за домашните медиуми“.


ФОТО: Инстаграм/Фејсбук/Марјан Коцев