Загина во сообраќајна несреќа: Брена никогаш не ја преболе неговата смрт

Таткото на Лепа Брена загина во сообраќајна несреќа, а та аникогаш не ја препобле неговата смрт

Убавата Брена може да се пофали со големо и среќно семејство, а ја имаше и таа среќа да се роди во едно такво.

Пејачката има брат Фарух и сестра Фара, а малку се знае за таткото на Лепа Брена кој е одамна починат.

Смртта на нејзината мајка Ифета и таткото Абид пејачката многу тешко ги надмина, а најголема утеха во тие мигови и дале сопругот Боба, како и синовите Виктор и Стефан.

Таткото на Лепа Брена загина во сообраќајна несреќа во 2010 година, на неговиот роденден, а четири години подоцна, на денот на семејната слава, пејачката ја загуби мајка си, пишува „Стори“.

За Брена татко и бил најголемиот поддржувач во животот и тешко го прифатила неговото заминување. Неговата смрт е едно од најболните искуства во животот на пејачката, со кое до ден денес не се помирила.

Инаку, мајката на Лепа Брена почина на денот на семејната слава на 81-годишна возраст, по долго и тешко боледување.

Пејачката ѝ го посвети последниот албум со изворни и новокомпонирани народни песни и во неколку наврати потенцираше дека благодарение на нејзината мајка која ја научила да пее народна музика.

Фото:instagram