ЗАМИСЛЕТЕ АКО НЕКОЈ УТРЕ ДОБИЕ ИДЕЈА ТРОТИНЕТОТ ДА ГО ОСТАВИ НА СРЕД КОЛОВОЗНА ЛЕНТА - нови реакции околу тротинетите

Фејсбук групата „На точак“ реагира околу тоа како некои поединци ја користат услугата за изнајмување тротинети.

 Тие приложуваат и фотографија како ваков тротинет е оставен на средина на велосипедска патека. 

„Нови пречки на патеките - сликата која ја среќаваме возејќи точак и пешачејќи деновиве

Од 19.05.2023, во Скопје е пуштена во употреба услугата на турската компанија Bin Bin за изнајмување на електрични тротинети. Од достапните јавни информации, во оптек се 500 електрични тротинети, кои поради условите за користење, деновиве можете да ги забележите насекаде, буквално.

Услугата се стартува преку мобилна апликација и според упатството за користење, тротинетот може да се земе и остави било каде, значи БИЛО КАДЕ.

Борбата за Скопје функционален Велоград, со слободни и безбедни велосипедски површини треба да е постојана. Со ова ставање на располагање на една приватна компанија, на сите јавни површини, без никаков ред, е во судир со зголемена безбедност во сообраќајот.

Детали на Фактор.мк