Замисли блиски роднини, а животот дури сега нѐ спојува: Лазаров откри како му е роднина Ламбе

Ламбе Алабакоски и јутјуберот Стефан Лазаров после години открија дека се роднини.

Ламбе и Лазаров беа во посета на основното училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно, каде паднал муабет за корените на потекло, па така откриле дека се во роднинска врска.


„Замисли блиски роднини, а животот дури сега нѐ спојува. И тоа во родното село на мојата баба... Така требало да биде“, напиша Лазаров.

Додека пак Ламбе објави слика со Лазаров, каде стави хаштах „вујко“.

Роднинската врска ја прославиле во кафеана со македонска песна.

Фото: Инстаграм