Замисли си желба и можеби ќе ти се оствари!

Добивај вести на Viber

Посакај желба и биди дел од големата новогодишна наградна игра – Credissimo желботека.

Полека се наближуваат најубавите празници во годината. Насекаде околу нас е украсено, луѓето се еуфорични и весели и веќе се чувствува новогодишната магија.

Дали веќе и Вас ве обзема оваа празнична еуфорија и почнавте да си ја замислувате Вашата новогодишна желба? Дали веќе почнавте да размислувате за подароците што ќе им ги дадете на Вашите најблиски или пак како ќе ги изненадите оваа Нова година?

Credissimo како и секогаш мисли на своите клиенти и одлучи празничната еуфорија да им ја направи уште помагична. За да ги израдуваме нашите клиенти, традиционално и оваа година организираме новогодишна наградна игра во која се остваруваат нивните желби со вкупен фонд од 120.000 ден. месечно!

Доколку сакате да учествувате во наградната игра, тоа можете да го направите многу едноставно. Аплицирајте за Credissimo до плата или Credissimo Плус во периoдот од 01.12.2021 до 31.01.2022 и со тоа станувате дел од наградната игра. За време на Вашето аплицирање може да ја напишете својата желба во Желботеката и да играте за голема парична награда. Во наградната игра учествува секој одобрен и земен кредит со напишана новогодишна желба. А, секоја споделена желба со Вашите блиски Ви носи 10% попуст од трошоците при користењето на кредитот.

 Двајца добитници овој месец ќе си ја поделат наградата од 120.000 ден. со којашто ќе можат да си ги остварат своите желби. Во јануари ќе бидат извлечени останатите двајца добитници од Желботеката.  

Вам Ви останува само да си ја замислите својата најпосакувана новогодишна желба, да ја напишете во Желботеката на Credissimo и максимално да се препуштите во уживањето во најубавиот период од годината.


ПР-објава