Сè започна со една едноставна фотографија: Која е мистериозната и единствена Србинка која ја следи Кристијано Роналдо? (ФОТО)
Кристијано Роналдо е една од најголемите фудбалски ѕвезди следен од 500 милиони луѓе
Славниот фудбалер Кристијано Роналдо не успеа да се запише во историјата со својата репрезентација со оглед на тоа што Португалија беше елиминирана од Мундијалот, но секако зад себе има многу успешни години.
Неодамна беше вистинска мистерија која е единствената Србинка која Роналдо ја следи на Инстаграм и како дошло до тоа.
- На еден натпревар во Загреб запознав многу спортисти, а еден од нив беше Асафа Пауел со кој сите се дружевме и се сликавме на патеката. Сликата ја ставив на Инстаграм, а Асафа, претпоставувам, е пријател на Роналдо, кој веројатно му кажал на Роналдо за мене. Можно е на Асафа да му се допаднав, и така започна сè – изјавила таа еднаш.
Ивана Мачановиќ е спортистка од Бања Лука, а таа и Кристијано се амбасадори на истиот бренд, но нивното запознавање започна порано.
Интересно е што веднаш не го забележала барањето за следење кое го добила од Роналдо бидејќи за многу кратко време имала голем број известувања на оваа социјална мрежа.
- Секако, бев изненадена бидејќи не можев да разберам зошто јас од толку многу девојки на планетава. Јас уште тогаш ставив до знаење дека имам момче и тоа е целата приказна – додала таа.
Роналдо ја следеше Ивана на Инстаграм уште во 2016-та година, а потоа преку ноќ порасна нејзината популарност, додека денес на оваа социјална мрежа ја следат над 130.000 луѓе. Инаку, Роналдо покрај неа го следи и Новак Ѓоковиќ, но и Лука Дончиќ.
Ивана настапува за АК Бања Лука, а се натпреварува и за репрезентацијата на БиХ во дисциплините 100 и 200 метри.
Извор: glossy.espreso.co.rs