Запомни ме...

Добивај вести на Viber

Запомни ми ја насмевката и силните кикотења.



Запомни ме каков што бев, кога се сретнавме за прв пат.

Запомни ми ја косата и светкавите очи кога ќе те видеа.

Запомни ми ја омилената јакна и светлите фармерки.

Запомни ми ја омилената песна и највистинитата реченица.

Запомни ми ги образите и емоциите на лицето.

Запомни ми ги топлите раце и нежните прсти.

Запомни ми ја насмевката и силните кикотења.

Те молам, запомни ме.

А јас ќе ја запомнам твојата темно-црна коса и светлите очи.

Ќе го запомнам твојот опуштен став.

Ќе ги запомнам твоите долги маички и широки фармерки.

Ќе ја запомнам твојата топла јакна и големите тренерки.

Ќе ги запомнам твоите силни раце и грубо лице.

Ќе ја запомнам твојата поспана насмевка и постојаното дишење додека дремеш.

Ќе ги запознам твоите слатки зборови.

Ќе те запомнам, ти ветувам, без разлика во што ќе се претвориме, без разлика на промените, без разлика како ќе завршиме, со кого или како, без разлика кого ќе сакаме во иднина…

Ти ветувам, ќе те запомнам таков каков што те паметам.

И тоа нема никогаш да се промени.

Таков ќе те запомнам.

И еден ден ќе престанам да пишувам за тебе, кога сите мои мисли исчезнат и кога конечно сите чувства ќе ги исфрлам на хартија.

Еден ден ќе престанам да пишувам за тебе.


За Женски Магазин , поетот Јован Илиески