Запознајте ги новите мирисни креации на Acqua di Parma, Lily of the Valley и Oud & Spice

Добивај вести на Viber

Колекцијата Signatures of the Sun, на брендот Acqua di Parma, континуирано не изненадува со своите нови мирисни композиции. Занаетчиството, како уметност е застапено во сите сегменти на креирање на мирисите на италијанскиот бренд кој е светски познат. Од создавањето на парфемскиот сок, преку шишенцата и пакувањата, старите занаети одиграа важна улога и познатите состојки ги реинтерпретираа на потполно нов начин.

Овој пат ви претставуваме два нови парфеми, Lily of the Valley, за оние кои сакаат цветни мириси и Oud & Spice, за обожавателите на древенестите ноти.

Lily of the Valley, сјаен парфем кој ја разоткрива убавината на кринот. Заедно со неизбежниот бергамот и грејпфрут и живите тонови на црната рибизла, сонцето се чини се поблиску. Јасминот, магнолијата и гераниумот го надополнуваат овој прекрасен букет, додека мошусот и кедровото дрво даваат потполност и топлина.

Oud & Spice, богат парфем во чие срце е една од најретките и најтаинствени состојки кои ни ги нуди природата, Акваларија. Во комбинација со зачинетите тонови на цимет и каранфилче се истакнува богатството на мирисот. Сончевиот бергамот и розе бибер ја освежуваат композицијата, додека малината дава “вкусна и заразна“ нота. Конечно, богатата роза, пачули и листиот лабданум го затвораат ова незаборавно, раскошно откритие.

Lilly of the Valley и Oud & Spice може да се најдат во парфимериите FABUspot Marriott и Cosmo City Mall во пакувања од 100ml и 180ml.