Zara Home ја отвори првата продавница во Македонија
Zara Home, брендот за покуќнина на групацијата Индитекс, ја отвора првата продавница во Македонија на 29ти октомври.
Дизјанирана да се чувствувате како да сте дошле дома, со повеќе од 550 метри квадратни продажен простор нуди различен простор отворен за истражување: дневна соба, кујна, сплана и детска соба, бања и посебно катче за колекцијата на парфеми за дома. Прошетајте низ продавницата и дозволете вашата фантазија да ве води додека ги откривате разните соби, принтови, дезени и материјали на колекцијата на Zara Home. Посетата на продавницата се претвора во сензорно искуство изградено врз основа на забелешките од нашите купувачи за нивните шопинг желби. Се надеваме дека секој оној кој ќе ја посети нашата нова продавница предводник во Македонија ќе се чувствува како дома, каде слободно ќе може да го допре, види, почувствува и искуси универзумот на ZaraHome.
Како и во сите продавници на Zara Home, новата продавница предводник ќе изложува две колекции годишно,Пролет/Лето и Есен/Зима, неколку колекции за капсули и нови модели двапати неделно.
Zara Home Новата продавница предводник во Македонија ја следи полисата за еколошка одржливост на групацијата Индитекс.
Zara Home е бренд за покуќнина на групацијата Индитекс. Неговите колекции црпат инспирација од најновите трендови на покуќнина вклучувајќи и постелнини, чаршави за маса и пешкири; мал и среден мебел; сервиси за јадење; прибор за кујна и чаши; како и други модели за покуќнина. Исто така, нуди и комплетен асортиман на облека за дома, како и линија на козметика и парфеми за дома. Секогаш меѓу првите во модата, Zara Home е препознатлива по квалитетот на своите производи. Овие две карактеристики се клучни фактори за проширувањето на Zara Home отткако прв пат беше отворена во 2003. Во моментов, ZaraHome работи на 78 пазари со над 500 продавници.