Застрашувачки – Адријана ја предвиде својата смрт?! Во стиховите поосветени на мајка ѝ, навести можен крај


Потресните стихови на Адријана, која беше убиена во масакрот во „Рибникар“ напишани пред нејзината трагична смрт, ја растргнуваат душата.

Адријана Дукиќ беше убиена во масакрот кој го изврши Коста Кецмановиќ на 3 мај, како да претчувствувала дека нешто страшно ќе се случи. Девојчето напиша песна која и ја посвети на мајка си и во прекрасни стихови и порача дека нивната љубов ќе трае вечно каде и да е.

- Ако ме оддалечат белградските патишта од твојата прегратка, ти си ми драга мајка и нема да те заборавам – напишала Адријана во песната која денес, после се ги „кине“ душите на нејзините најблиски.

Овие стихови сега ги толкуваат сите оние кои имаа можност да ги слушнат и да коментираат колку е страшно ако малото девојче има навестување на зло.

Она што е сигурно е дека таа никако не можела да го претчувствува масакрот што монструмот го изврши во ОУ „Владислав Рибникар“.

Мајката на убиената тинејџерка Билјана Пауновиќ пред десетина дена беше на суд против убиецот, неговите родители, училиштето и државата, рече дека убиството на Адријана и било уште потешко бидејќи го извршил школски другар во Србија, каде што се преселиле година и пол пред тоа.

- За мене ова е како Адријана да е убиена од нејзиниот брат. Додека живеевме во Франција, работев во аптека и секогаш давав се од себе да помогнам кога ќе дојде некој од Србија. Овде, кога се преселивме, дури и непознати луѓе ги гледав како блиски роднини, помладите како браќа и сестри, а постарите како мајка ми или татко ми – рече пред судот неутешната четириесетгодишна Билјана.

По масакрот, таа и целото нејзино семејство се изгубени бидејќи не знаат како и каде да продолжат. Тие веруваа дека Србија е побезбедна земја и затоа емигрирале од Франција, каде што сите се родени.

Придружете ни се и бидете први што ќе ги дознаете најновите и најважните информации. Почитувани читатели, можете да не следите и на следните платформи: Facebook, Instagram, YouTube, Telegram, Viber.

Може да ги преземете нашите апликации од Google Play и Apple AppStore.

Фото:screenshot