„Збогум најмил татице“: Натали Грубовиќ се прости од татко си

Добивај вести на Viber

Голема тага во семејството на познатата манекенка Натали Грубовиќ. Некогашната бинго девојка на социјалните мрежи се прости од татко ѝ, а за семејната загуба јавија и нејзините сестри.




Имено, вчера почина Прим. Д-р Милош Грубовиќ. Прим. д-р Милош Р. Грубовиќ e роден на 17.02.1941 година во Беране, Црна Гора. Медицинскиот факултет и специјализацијата по трансфузиологија ги завршил на Медицинскиот факултет во Скопје.

Тој еден од основоположниците на трансфузиолошката служба во РМ и основоположник на доброволното крводарителство во РМ.

За неговите заслуги и постигнати резултати од значење на напредокот на државата, д-р Грубовиќ е одликуван е со Орден на труд со сребрен венец од Претседателството на СФРЈ, а за својот голем хуманизам и значителен допринос во унапредување на здравството и крводарителствотo ја доби “13. Ноемвриска награда” од градот Скопје и “21. јулската награда” на градот Беране, Црна Гора, од каде што потекнуваше.


Тој е добитник и на многу други највисоки државни награди и признанија на териториите на бившата Југославија, Македонија и Црна Гора. Со неговото заминување Македонија изгуби еден голем професионалец, хуманист и филантроп.

Погребот ќе се одржи на денеска во 14 часот на гробиштата во Бардовци, а капелата ќе биде отворена од 13 часот.

Нека му е лесна земја.


ФОТО: Фејсбук/Инстаграм