Зборот ѝ е алтан, умот како универзумот, душата како океаните: Адријана Алачки емотивна за роденденот на ќерката Граци
„Среќен роденден на мојата бескрајна љубов, на мојата душа, на мојата убавица Граци, на моето прво чедо
15. март ..дојде на свет душата мајкина, белата самовила... немаше посреќна мајка од мене...сонот мој стана јаве..ти благодарам Господе ..веќе ништо не беше како порано, не постои ,,јас“ постои нејзиното височество „таа“...првиот плач, солза, чекор, збор...кога таа моја мала принцеза се претвори во изградена личност со цврст карактер, истрајна, доследна, мајка, сопруга, верен пријател..без интереси, без услови .... кога зборот и е алтан ... умот како универзумот ... душата како океаните..да може ćе да собере ..таа стана мојот идол... но кога се подготвува бура..таа умее да ги распне своите едра ... и да му пркоси на ветрот и невремето .... е таква е мојата Граци ....среќа мајкина
Сине да ти е среќен роденденот..да си ми здрава и жива..да се радуваш на секој нов божји ден заедно со твоето семејство... дај Боже и ти да си толку горда мајка..како јас со тебе ..
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ДУША МАЈКИНА“.
Со овие зборови пејачката, водителка и авторка, Адријана Алачки ѝ го честиташе роденденот на ќерката Грациела која денес полни 33 години.
Адријана Алачки од бракот со Горан Алачки ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана.