Зборовите на Јулија ќе ве расплачат - се сретнаа во небесното царството: „Ова бебуле е моето Ангелче, во прегратка на нејзиниот татко и мој сопруг Панче, кој замина во вечноста, кога Ан имаше 3 годинки“

Добивај вести на Viber

Пред две години пејачката и водителка Јулија Мациевска ја изгуби нејзината ќерка. По тешко боледување од канцер, уметницата Андријана(41) почина во мај 2022 година.

Јулија со секоја нејзина објава на социјалните мрежи се сеќава на нејзината ќерка, организира и хуманитарни настани и на тој начин го продолжува делото на Андријана.

Последната објава на Јулија е полна со емоции. За прв пат објави фотографија од нејзиниот сопруг кој починал кога Андријана имала само 3 години. Јулија вели дека во тој момент доживеала голема траума бидејќи тој имал само 34 години, а таа 22.

Вели дека ова е прва фотографија на нејзиниот сопруг која ја објавува во јавноста.

„Ова бебуле е моето Ан-гелче Ан, Андријанче, во прегратка на нејзиниот татко и мој сопруг Панче, кој замина во вечноста, кога Ан имаше 3 годинки и таа како што пишува во нејзината автобиографска книга, не го памети, освен од слики и моите кажувања.

Но празнината од еден родител останува и покрај сета љубов што и ја дадов како мајка. Бев и мајка и татко, но Таткото е значајна фигура за растот на детето.

Што за неа значела празнината да се расте без силата и машката енергија на таткото, ќе читате во нејзината автобиографска книга.

Никогаш до сега не сум објавила фотографија од мојот сопруг, па ова ми даде повод да го направам тоа и да му оддадам почит и на овој начин. Тој замина на 34 години, од акутен инфаркт, а јас тогаш имав 22 години. За траумата која ја добив на 22 години, нема да пишувам, затоа што поводот е друг.

Радосната вест е дека Ан, го сретна татко и во царството небеско и ме обзеде некоја милина и благодарност и затоа овој пост“, напиша Јулија во објавата.


Фото: Фејсбук