,

Жена се породи во авион на „Катар Ервејс“: Бебето го доби името на докторката која ја породи

фото: facebook

Авионот полетал од Доха, Катар, за градот Ентебе во Уганда, на 7 декември, каде што д-р Катиб патувала на одмор.

Докторката од Торонто, Ајша Катиб, на почетокот на декември породи млада жена од Уганда во авион на „Катар ервејс“. Покрај докторката Катиб, во авионот имало уште двајца медицински работници - медицинска сестра и педијатар од Лекари без граници (MSF), па бебето е родено без никакви проблеми.

Изненадување за докторката била одлуката на мајката своето мало девојче да го крсти по нејзиното име - Ајша.

Авионот полетал од Доха, Катар за угандскиот град Ентебе на 7 декември, каде што д-р Катиб патувала на одмор, пишува Би-Би-Си.

„Околу еден час по полетувањето, стјуардесата на разглас праша дали има лекар или медицински персонал во авионот“, изјави Катиб за CTV News Toronto во петокот.

Катиб, доцент на Катедрата за семејна медицина на Универзитетот во Торонто, спремно реагирала, па ја испратиле до задниот дел од авионот, каде што младата жена била на сред породување, пренесува Хина.

Млада мигрантка од Уганда патувала дома од Саудиска Арабија, каде требало да се роди нејзиното прво дете, но девојчето решило да дојде на свет порано од очекуваното, во 35-та недела од бременоста.

Благодарение на помошта на д-р Катиб се родило здраво девојче и по докторката го добило името Ајша, со додадено Миракл (Чудо) - Ајша Миракл.

„Кога дојдов до задниот дел од пилотската кабина и видов толпа луѓе собрани околу некој на кој му треба помош, прво помислив дека е срцев удар или слична ситуација. Но, како што се приближив, видов жена која веќе се породуваше“, рече д-р Катиб.

Пораѓањето на надморска височина од 10.500 метри се случило на 7 декември, но Катиб била презафатена со работа и лекување на пациенти заразени со Ковид во Торонто, па дури оваа недела сподели фотографии на социјалните мрежи.


извор:vjesti.me