ЖЕНА СО НЕПОВТОРЛИВА УБАВИНА: Како од сиромашно девојче стана најбарана актерка во Холивиуд

Добивај вести на Viber

Грета Гарбо (18 септември 1905 – 15 април 1990) - шведска актерка од периодот на холивудскиот нем филм, како и за време на неговата златна доба.

Се сметала за една од најголемите и најтаинствени филмски ѕвезди што некогаш се појавиле на филмскиот екран. Гарбо трипати била номинирана за наградата Оскар за најдобра филмска актерка и добила Почесен оскар во 1955 година "за нејзините сјајни и незаборавни изведби на сцена" и е рангирана на петтото место на листата на најголеми актерки во историјата од страна на Американскиот Филмски Институт.

Според Гинисовата книга на рекорди, Гарбо била прогласена за "најубавата жена што некогаш живеела на земјата".


Стравот од сиромаштија го носеше до крајот на животот

Грета Ловиса Густафсон е родена во Седермалм, Стокхолм, Шведска. Таа била третото и најмалото дете на Ана Ловиса (родена Карлсон, 1872-1944), домаќинка која подоцна работела во фабрика за џем и Карл Алфред Густафсон (1871-1920), работник. Гарбо имала постар брат, Свен Алфред (1898-1967) и постара сестра, Алва Марија (1903-1926)

Нејзините родители се запознале во Стокхолм, а татко ѝ живеел во Фринарид. Тој потоа се преселил во Стокхолм и работел на разни работни места - чистач на улица, продавач, фабрички работник и месарски помошник. Се оженил со Ана која во Стокхолм се преселила од Хегзби. Семејството било сиромашно и живееле во трисобен стан во полошиот дел на градот.Гарбо подоцна се сеќава:

Имаше едно вечно сивило - оние долги зимски ноќи. Татко ми седеше во ќош, чкртајќи по некој весник. На другата страна од собата мајка ми крпеше парталави стари алишта, воздивнувајќи. Ние децата си зборуваме тивко, или само си седевме молчејќи. Бевме полни со вознемиреност, како да имаше опасност во воздухот. Таквите вечери се незаборавни за чувствителна девојка. Каде што живеевме, сите куќи и станови изгледаа исти, нивната грдотија одговараше со сè што нè опкружуваше.

Гарбо била срамежливо и повлечено дете. Го мразела училиштето и повеќе сакала да си игра сама. Сепак, била креативна, се интересирала за театарот уште на рана возраст и сонувала да стане актерка. На 13 години, Гарбо го завршила училиштето и како повеќето Швеѓанки на тоа време кои потекнувале од работничката класа, не се запишала во гимназија. Подоцна рекла дека поради тоа имала комплекс на пониска вредност.

Зимата 1919, во Стокхолм имало епидемија на шпанска треска и таткото на Гарбо се разболел. Тој почнал да отсуствува од работа и најпосле добил отказ. Гарбо седела дома и се грижела за него, носејќи го во болница на неделни третмани. Тој починал во 1920 кога таа имала 14 години.

Ѕвездата е родена

Почетоците (1920–1924)

Гарбо најпрвин работела како во берберница а потоа во продавница каде со време станала модел за шапки за каталозите а од 1920 започнала да снима реклами за женска гардероба. Премиерата на нејзината прва реклама била на 12 декември 1920, а потоа следеле и други. Оттука започнала филмската кариера на Гарбо. Во 1922, таа го привлекла вниманието на режисерот Ерик Артур Печлер кој ѝ дал улога во неговата кратка комедија Скитникот Петар.

Од 1922 до 1924 година учела во актерската школа на Кралскиот драмски театар во Стокхолм. Во1924 таа била ангажирана од страна на истакнатиот фински режисер Мориц Стилер да ја игра главна улога во неговиот класичен филм Сагата за Геста Берлинг, драматизација на познатиот роман на добитничката на Нобелова награда Селма Лагерлеф. Во филмот глумела заедно со Ларс Хансон, многу познат шведски актер. Стилер станал нејзин ментор, ја обучувал како филмска актерка и управувал со сите аспекти на нејзината кариера. Во 1925 година,добила улога во германскиот филм Улица без радост  во режија на Георг Вилхелм Пабст, во кој глумела и Аста Нилсен.

Гарбо и Стилер

Виктор Сестром, почитуван шведски режисер во МГМ, бил добар пријател на Стилер и го охрабрувал Луис Б. Мајер, кој во тоа време бил заменик претседател и генерален директор на филмската компанија, да се сретне со него на патување во Берлин. Мајер, секогаш во потрага по нов талент, се заинтересирал за Стилер. Тој му дал понуда, но Стилер побарал Гарбо да биде дел од секој договор, убеден дека ќе биде предност за неговата кариера. Мајер отпрвин одбил, но при приватното гледање на филмот Сагата за Геста Берлинг, веднаш се заинтересирал за неа. Во една друга верзија, наводно Мајер претходно го видел филмот на Стилер и негов прв интерес била Грета Гарбо а не договорот што требал да го потпише со режисерот.

Ѕвезда на немиот филм (1925–1929)

Во 1925, Гарбо на 20 годишна возраст, не зборувајќи англиски, заминала за САД, заедно со Стилер. Стигнале во Њујорк во јули 1925, по десетдневно патување со брод каде останале 6 месеци без никакви вести од страна на филмската компанија МГМ. Тие одлучиле сами да заминат за Лос Анџелес и уште 5 недели немале никаков контакт со студиото и таа веќе почнала сериозно да размислува да се врати во Шведска. Некој шведски пријател ѝ помогнал да оствари контакт со Ирвинг Талберг, продуцент на МГМ, кој се согласил да ѝ овозможи на Гарбо пробно снимање.

Иако таа очекувала да работи со Стилер на нејзиниот прв филм, ангажирана била во Поток (1926), адаптација на романот на Виченте Бласко Ибањез, во режија на Монта Бел. Филмот бил хит а изведбата на Гарбо била поздравена од страна на критиката

Иако таа очекувала да работи со Стилер на нејзиниот прв филм, ангажирана била во Поток (1926), адаптација на романот на Виченте Бласко Ибањез, во режија на Монта Бел. Филмот бил хит а изведбата на Гарбо била поздравена од страна на критиката.


Гарбо со Џон Гилберт во Жена за афери (1928).

По успехот МГМ ја ангажирале во слична улога во филмот Примамничка (1926), базиран на друг роман на Ибањез, во кој глумела со Антонио Морено. Стилер,кој воедно бил и режисер на филмот, ја убедил да ја прифати улогата што таа не ја сакала. Потоа таа снимила уште 8 неми филмови,од кои 3 со популарниот актер Џон Гилберт и сите биле хитови. Гарбо станала ѕвезда добивајќи пофалби од критикатаЗаработката остварена со нејзиниот трет филм со Гилберт, Жена за афери (1928) ја ставила на врвот на Метро ѕвездите за 1928-1929, пред дотогаш најпознатата актерка на немите филмови Лилијан Гиш.

Влијанието на актерската игра на Гарбо и присуството на екранот набрзо ја утврдиле нејзината репутација како една од најголемите актерки во Холивуд. Филмскиот историчар и критичар Дејвид Денби тврди дека Гарбо вовела суптилност во изразување на уметноста на немиот филм оставајќи силен впечаток кај публиката.

Покрај популарноста како ѕвезда на немиот филм, студиото страхувало дека нејзиниот шведски акцент ќе штети на работата и го одложувале снимањето на звучен филм колку што е можно подолго.Студиото МГМ било последно холивудско студио кое се префрлило на звук.Последниот нем филм на Гарбо а воедно и на МГМ, бил филмот Бакнеж (1929).

Кариерата во ерата на звучниот филм (1930–1939)

Кон крајот на 1929, МГМ ја ангажирал Гарбо во Ана Кристи (1930), филмска адаптација на пиесата на Јуџин О‘Нил од 1922. Тоа била нејзината прва звучна улога. Филмската премиера била на 21 февруари 1930 и филмот доживеал голем успех. Гарбо ја добила првата номинација за Оскар за најдобра актерка. За номинацијата придонела и нејзината улога во филмот Романса (1930). Подоцна, со различна актерска екипа и режисер, Гарбо снимила уште една верзија на Ана Кристи, на германски јазик, чија премиера била во декември 1930. Овој филм на Гарбо ѝ овозможил успешен преод од немите филмови кон градењето кариера во звучната кинематографија. Во 1931, глумела заедно со Роберт Монтгамери во филмот Инспирација (1931), а нејзината популарност истата година била искористена да се поттикне кариерата на тогаш релативно непознатиот Кларк Гејбл во филмот Сузан Ленокс (Нејзиниот пад и подем). Во 1930-31. Грета Гарбо била прогласена за најпопуларна женска актерка во Соединетите Држави.

Грета Гарбо во филмот Ана Каренина

Во 1931, таа глуми германска шпионка од Првата светска војна во филмот Мата Хари, наспроти Рамон Наваро. Следната година глумела руска балерина во филмот Гранд Хотел (1932) заедно со Џон Баримор и Џоан Крафорд. Таа година филмот добил Оскар за најдобар филм. И двата филма на Гарбо имале голема заработувачка а Гарбо станала „најголемата машина за правење пари која некогаш се појавила на екранот“. Откако се појавила во филмот Како што ме посакуваш (1932), првиот од трите филма со кои таа глумела со Мелвин Даглас, договорот на Гарбо со МГМ истекол и таа се вратила во Шведска.

По речиси една година преговори, Гарбо се согласила да го обнови договорот со МГМ под услов да глуми во Кралицата Кристина а нејзината плата се зголемила на 300.000 долари по филм. Иако МГМ не сакал да го направи филмот, попуштиле на инсистирање на Гарбо. За главната машка улога, МГМ ги предлагале Чарлс Бојер или Лоренс Оливие, но Гарбо ги отфрлила и двајцата, претпочитувајќи го нејзиниот поранешен партнер и љубовник, Џон Гилберт. На студиото не му се допаѓала идејата главната улога да му ја даде на Гилберт чија мала популарност можела да му наштети на профитот на филмот, но ја исполниле желбата на Гарбо. Во декември 1933, филмот доживеал голем успех и заработка и контроверза околу цензурата бидејќи Гарбо преправена во маж бакнува жена.

Гарбо и Чарлс Бојер во филмот Освојување (1937)

Во 1935, Дејвид О. Селзник сакал да ја ангажира во улога во филмот Темна победа, но Гарбо одбрала да глуми во Ана Каренина (1935), според романот на Толстој. Филмот бил меѓународен успех а во САД поминал подобро од очекувањата на МГМ. Сепак заработката била значително намалена поради големиот хонорар на Гарбо. Во 1936, Гарбо глумела во романтичната драма Дамата со камелии(1936)заедно со Роберт Тејлор и Лајонел Баримор. Филмот бил голем успех а таа за него ја освоила наградата за најдобра актерка од кружокот за филмска критика на Њујорк и по вторпат била номинирана за наградата Оскар.

Гарбо и Мелвин Даглас во сцена од филмот Ниночка (1939).

Следната улога на Гарбо била во филмот Освојување (1937) во кој глумела заедно со Чарлс Бојер во романтична драматизација на приказната за Наполеон и Марија Валевска. Тој бил најголемиот и најрекламираниот филм на МГМ за 1937, но по прикажувањето забележал загуба од повеќе од милион долари со што станал најголемото промашување на студиото таа деценија. Популарноста на Гарбо била значително намалена и кога наскоро ѝ завршил договорот таа накратко се вратила во Шведска.

По неуспехот на филмот Освојување, МГМ одлучил дека е потребна промена за да се врати нејзината популарност. За нејзиниот следен филм, студиото го одбрал продуцентот и режисер Ернст Љубич за филмот Ниночка, прва комедија во која се појавила Грета Гарбо. Филмот бил еден од првите холивудски филмови кои, во форма на сатирична, лесна романса, го прикажал Советскиот Сојуз под Јосиф Сталин. Ниночка премиерно бил прикажан во октомври 1939 година. Заработката добро поминала во САД и во странство но филмот бил забранет во Советскиот Сојуз и неговите сателити.

Повлекувањето од филмот (1941–1948)

Со Жената со две лица (1941) на Џорџ Цукор, МГМ се обидел да го искористи успехот на Гарбо во Ниночка, ангажирајќи ја во романтичен филм како модерна жена. Тука таа одиграла улога во која е прикажана како танцува румба, плива и скија. Филмот не поминал добро кај критиката, но наспроти мислењата, сепак остварил пристојна заработка. Жената со две лица бил нејзиниот последен филм а Гарбо го нарекла „нејзиниот гроб“.Тогаш имала триесет и шест години и снимила 28 филма во период од 16 години.

Иако Гарбо била понижена со негативните критики за Жената со две лица, отпрвин немала намера целосно да се повлече од сцената.Но нејзините филмови зависеле од европскиот пазар а во Европа имало војна. Во 1942 таа потпишала за снимање на филмот Девојката од Ленинград, но проектот набрзо пропаднал. Во 1948, потпишала договор за снимање на филмска адаптација на романот на Балзак, Војвотката од Ланже со продуцентот Волтер Вангер. Таа направила неколку пробни снимања, го научила сценариото и пристигнала во Рим летото 1949 за да го сними филмот. Меѓутоа поради недостиг на финансирање, проектот пропаднал. Пробните снимки кои се сметале за изгубени биле пронајдени во 1990 од страна на филмските историчари Леонард Малтин и Џанин Бејсингер. Дел од нив биле вклучени во документарниот филм Гарбо. Иако во тек на животот одбивала да ги каже причините за нејзиното повлекување од филмската сцена, четири години пред смртта таа на шведскиот биограф Свен Броман му го кажала следново:

Уморна бев од Холивуд. Не ја сакав работата. Имаше денови кога морав на сила да се натерам себеси да отидам во студиото... Навистина сакав да живеам друг живот

Јавна личност

Уште од раните денови на нејзината кариера, Гарбо ги избегнувала јавните функции, претпочитајќи да го минува времето сама или со пријателите.Никогаш не потпишала автограми ниту одговорила на пошта, а ретко давала и интервјуа. Никогаш не се појавила на церемониите Оскар, дури и кога била номинирана. Нејзината аверзија кон публицитет и печатот несомнено била вистинска и искрена. Во едно интервју во 1928 година, објаснила дека нејзината желба за приватност започнала уште кога била дете, наведувајќи дека "откако паметам, сакам да бидам сама. Мразам гужва, не сакам многу луѓе

Приватен живот

Гарбо ги потпишува документите при добивање на нејзиното американско државјанство во 1950

По повлекувањето од филмската сцена, Гарбо ретко се појавувала во јавноста. Спротивно на мислењето дека била осамена, таа имала многу пријатели со кои се дружела и патувала.Сепак, честопати се борела со ексцентричности и со нејзината долгогодишна меланхолија и промени во расположението. Пред да наполни 60 години кажала: „За неколку дена ќе биде годишнина на тагата која никогаш не ме напушта, која никогаш нема да ме напушти до крајот на животот.“ На друг пријател во 1971 му кажала дека најверојатно „страда од некоја многу длабока депресија“.

На почеток на 1940-тите станала колекционер на уметнички дела. Многу од делата коишто ги купила не биле со голема вредност, но купила и слики од Реноар, Руо, Кандински, Бонар и Јавленски. Нејзината уметничка колекција вредела милиони кога умрела во 1990.

На 9 февруари 1951, таа станала државјанка на Соединетите држави а во 1953 купила седмособен апартман на Менхетен, Њујорк Сити каде што живеела до крајот на нејзиниот живот.

Во тек на животот никогаш не се омажила, немала деца и живеела сама. Нејзината најпозната љубовна романса била со актерот Џон Гилберт со кого живеела со преминни во тек на 1926 и 1927. Гилберт наводно повеќепати ѝ предложил брак но Гарбо се премислувала во последен момент.

Гарбо во Диви Орхидеи (1929)

"Вљубена бев во него. Но се плашев дека ќе ми кажува што да правам и ќе се прави главен. А јас секогаш сакав да бидам главната."

Подоцна таа имала други кратки љубовни врски, со диригентот Леополд Стоковски, додека патувала во Европа, со Ерих Марија Ремарк, во 1941. Во 1941 таа го запознала милионерот Џорџ Шли сопруг на модната дизајнерка Валентина, кој бил нејзин пријател, љубовник и советник до неговата смрт во 1964

Гробот на Грета Гарбо

Поновите биографи тврдат дека Грета Гарбо била бисексуалка или лезбејка и дека имала интимни односи како со жени така и со мажи. Ѕвездата на немиот филм Луиз Брукс тврдела дека таа и Гарбо биле во кратка врска. Во 1931, Гарбо се дружела со писателката и позната лезбејка Мерцедес де Акоста. Тие двете останале пријатели 30 години во тек на кои Гарбо ѝ напишала 181 писма, разгледници и телеграми, кои денес се во Музејот- библиотека Розенбах во Филаделфија. Од нив 87 се достапни на јавноста од страна на семејството на ГарбоВо 2005, достапни на јавноста станале 60 писма кои Грета Гарбо ѝ ги напишала на Мими Полак од кои неколку сугерираат дека Гарбо најверојатно со години имала романтични чувства кон неа.

Грета Гарбо успешно го излекувала ракот на дојката во 1984.Кон крајот на животот само неколкумина нејзини добри пријатели знаеле дека оди на дијализа, по 6 часа, трипати неделно во болница во Њујорк. Грета Гарбо починала на 15 април 1990, на возраст од 84 години, во болница, како резултат на пневмонија и откажување на бубрезите. Била кремирана на Менхетен, а нејзината пепел во 1999 била пренесена на гробиштата во нејзиниот роден град Стокхолм.

Целото наследство на Гарбо во износ од 32,042,429—57,000,000 долари, според вредност проценета во 2013 година—го наследила нејзината внука Греј Ристфилд.