Жената може да го напушти мажот што го сака: Но никогаш нема да го напушти оној покрај кого се чувствува сакана
Не е невообичаено жената да го напушти мажот што го сака,
иако знае дека и тој ја сака. Дозволете ми да ви дадам пример од мојот круг на
пријатели. Имам пријателка
која со години беше во врска
со маж кој вистински го сакаше, а и тој беше заљубен во неа. Човекот беше
исклучително позитивен, со смисла за хумор и слободно можам да кажам дека беше
вистински џентлмен.
Честопати ѝ носеше цвеќиња и подароци без причина, секогаш внимавајќи да се однесува добро со неа. Меѓутоа, откако се разделија, ја прашав која е причината за таа одлука, со оглед на тоа дека и двајцата делуваа среќни во врската. Таа ми откри дека едноставно не се чувствувала доволно сакана.
Таа ми кажа дека мажот бил малку ладен кон неа и никогаш не ги покажувал своите емоции. Не разменувале нежности, а меѓу нив немало страст, иако инаку одлично се сложувале. Тие едноставно имале различни начини на изразување љубов. Чувствувала потреба тој да ја покаже својата љубов на начин што ѝ значел, но тој не знаел како да го направи тоа.
Вистината е дека не е доволно само да му кажете на некого дека го сакате, туку тоа треба да го покажете. Можете да му ги кажувате зборовите „те сакам“ на партнерот секој ден, но ако не ја покажете својата љубов на дело, таа изјава станува празна фраза без вистинско значење. Станува рутина која ја губи сета своја топлина и важност. Често се случува двајца во врска да имаат различни темпераменти и различни потреби.
И покрај тоа што се сакаат, можеби нема да можат целосно да ги задоволат потребите на партнерот или да се соочат со различни предизвици. Сепак, разликата во темпераментот не е причината зошто еден од партнерите може да се чувствува несакан. Многу поважно е како секој човек ја разбира и изразува љубовта.
На жената и треба внимание, грижа и поддршка. Таа има потреба од маж кој ќе ѝ каже дека е убава, дека ја цени и ја сака. Мажот кој на овој начин ја покажува својата љубов кон сопругата, покрај себе ќе има среќна и задоволна жена, а таа ќе се чувствува сакано, заштитено и почитувано.
Мажот кој ја сака својата сопруга знае што и треба и што сака. Знае дека и се важни неговата поддршка, нежност и внимание и тоа ги покажува преку своите постапки. Тој разбира дека љубовта не застанува на зборови, туку дека треба да се пренесе со дела, внимателни зборови и разбирање.
Некои мажи едноставно не се способни да дадат љубов правилно. Можеби не научиле како да ги изразат своите емоции или не знаат како да ја покажат својата нежност кон партнерката. Можеби купувајќи ѝ скапи подароци или цвеќиња, мислат дека ја изразуваат својата љубов, но на жената и треба многу повеќе од материјални работи.
Таа сака цврста прегратка, искрено внимание и чувство на сигурност што доаѓа од срцето. За да може врската да биде исполнета и среќна, важно е партнерите да се разбираат и почитуваат едни со други и да работат заедно на зајакнување на нивната врска. Способноста да давате и примате љубов на начин што е значаен за вашиот партнер може значително да го подобри секој аспект од нивната врска. Тоа е клучот за среќна и исполнета врска која расте од ден на ден.