Жено, овој текст е за тебе! Токму за тебе!
Жено! Ти, која заработуваш или која работиш по дома.
Ти, која воспитуваш деца и читаш книги и блогови за воспитување.
Ти, кај која притисокот е се' поголем, а самодовербата се' помала.
Ти, која постојано се преиспитуваш и неуморно се трудиш да бидеш подобра.
Ти, која секој ден стануваш уморна. Која со години не си се одморила. На која и е смачен вкусот на кафето.
Ти, која смислуваш, набавуваш, готвиш, штедиш и се грижиш што ќе се случи утре.
Ти која переш, собираш, шиеш, лепиш, поправаш, чистиш.
Ти која бришеш задници и носеви.
Ти, која забавуваш, набљудуваш, проценуваш, размислуваш, изведуваш, тешиш, прегрнуваш, смириш и заспиваш.
Ти, која си на располагање во секоја доба од денот или ноќта.
Ти, која се цедиш себеси ко крпа за од себе да извлечеш уште некоја капка за да ја дадеш на семејството.
Ти, на која резервоарот и е секогаш празен или речиси празен, а сепак незапирливо продолжуваш понатаму.
Ти, која се носиш со некои, нови или стари, навреди и модрици.
Ти која се храниш самата себе. Самата на себе да си подготвиш овошна или зелена салата. Самата на себе. Не ти текнува, не стигнуваш, немаш сила, не си дошла на ред.
Ти, која не доволуваш себеси ни да заплачеш. Кој има време и нерви сега да се расправа со нередот на своите солзи, кога постојано ги бришеш детските солзи.
Ти, која се насмевнуваш, која ја извлекуваш таа насмевка од дното на душата и го дочекуваш семејството со прегратки и љубов.
Ти, која понекогаш полудуваш и се дереш. Иако знаеш. Си читала. Се знаеш.
Ти, која постојано пресметуваш дали да спиеш, чистиш, готвиш или читаш. Па потоа чистиш. И зјапаш, како и јас, во овие текстови на интернет.
Ти, која и кога правиш нешто што ти одговара, го правиш тоа за да се чувствуваш добро - поради децата.
Не, не си ти во улогата на жртва. Но, понекогаш е тешко. Немам совет за тебе. Немам. Затоа што смачено ти е. Затоа што ти тоа веќе го знаеш. Затоа што и јас знам. Не сакам ништо да ти кажам. Само да те погледнам во очи. Ништо повеќе.