Женски имиња што значат- светлост: За девојчето кое ќе ве грее цел живот

Изберете посебно име за девојчето кое ќе доносе светлина во вашиот живот

Замислете ја во вашите раце ќерката која нежно ви се насмевнува. Нејзината насмевка блеска на вас цел ден. Како да изберете доволно добро име за толку совршена насмевка?

Бидејќи ова мало чудо носи светлина во вашиот живот, изберете соодветно име - со посебно значење.

1. Аурора

Ова е латинско име што значи зора. Римската божица на утрото се нарекувала Аурора, а Дизни му даде посебна популарност на името со принцезата од „Заспаната убавица“.

2. Елеонора

Ова е варијација на името Хелена, Елена, што буквално значи светлина. Елеонора е вистинско ретро име со доза елеганција и софистицираност.

3. Теа

Ова име има грчко потекло што значи божица. Покрај тоа, во грчката митологија, мајката на зората, сонцето, месечината, божицата на светлината исто така се викала Теа.

4. Зора

Арапското потекло на ова име значи токму тоа - зора. Не само што има посебно значење, туку е и нашето старо име, кое го носеле многу наши баби.

5. Нера

Ова име е со хебрејско потекло и значи свеќа или светлина. Кратко, едноставно и слатко име за вашето мало девојче, кое носи доза на софистицираност.

6. Луција

На латински јазик, „luks“ значи светлина. Од тој збор настана и италијанското име Луција. Ова име порано им се даваше на девојчиња родени во зори.


* Обележани со среќа: Крстете го детето со некое од овие имиња