„Жешките“ фотографии на ќерката на Харис Џиновиќ предизвикаа „колапс“: Џина се соблече, коментарите „горат“ „Што ќе ти кажат мама и тато?“
Џина Џиновиќ ги „запали“ социјалните мрежи со провокативно видео во костим за капење.
Џина Џиновиќ, ќерката на пејачот Харис Џиновиќ и неговата поранешна сопруга Мелина Џиновиќ, е многу активна на социјалните мрежи, а со своите објави ги израдува своите следбеници. Новото видео на кое позира во костим за капење го „запали“ интернетот.
Убавата Џина беше снимена пред огледалото во црн костим за капење кој ја истакнува нејзината совршена фигура, додека носеше капа на главата, но некои корисници истакнаа дека можеби „малку претерала“.
„Малку си претерала“, „Ау, какво тело“, „Ова не ти одговара“, „Што ќе ти кажат мама и тато за ова?“, се само дел од коментарите.
Инаку неодамна Мелина и Харис Џиновиќ се најдоа во центарот на медиумското внимание по веста дека се разведуваат. Набрзо пејачот потврди дека сега и официјално е слободен, откри низа шокантни детали за поранешната сопруга, а потоа Мелина беше нападната од некои негови колеги кои зборуваа за нејзините наводни измами, додека таа не се огласи.
Фото:Инстаграм