Жешко комбо летно издание на сестрите Тахири: Во исти бикини позираат на плажа во Хургада
Албанската пејачка Аделина Тахири веќе во месец април ја отвори бикини сезоната.
Со високите температури, пејачката заедно со нејзината сестра заминаа на летување во Хургада, Египет.
Заедничкото летување на сестрите Тахири е нивна традиција. Скоро секоја година одбираат егзотична дестинација за да уживаат во летото.
Аделина и Диана се копија една на друга. Изгледаат како да се близначки. И двете наследиле одлична анатомија од нивните родители и двете изгледаат подеднакво секси.
За овие први фотографии на Инстаграм, дневниот изглед на сестрите Тахири е ист, разликата е во боите.
Аделина одбрала бикини со животински принт во бела и црвена боја, искомбинирани со бели ленени панталони и каубојски шешир, додека нејзината сестра Диана црно бели бикини, црна наметка и шешир.
Фото: Инстаграм