Жестока дискусија на Интернет: Мајка му стави обетки на бебето ден по раѓањето и наиде на осуда
Она што го направи оваа мајка ја шокираше јавноста и предизвика жестока дискусија меѓу мајките.
Млада мајка сподели видеа и фотки од своето мало девојче кои се направени само ден по нејзиното раѓање и не би било ништо чудно ако бебето не беше со обетки на ушите.
Девојчето има ставено обетки додека било уште во болница, ден по породувањето, а тоа предизвика лавина од коментари и жестока дискусија.
„Не ми е јасно. Тоа боли исто како што ги боли возрасните. Не се залажувајте“, гласи еден коментар.
Друг додаде: „Никогаш нема да разберам како некој може да прободи нечии уши без негова согласност“.
Според трети девојчето е премало и не е во ред веднаш по раѓањето да му се стават обетки.
„Можеби е до мене, но кога се родија моите деца, не ни помисливме на тоа“, вели една жена.
Од друга страна многумина ја бранеа одлуката, велејќи дека во некои култури е вообичаено девојчињата рано да ги дупчат ушите.
Мајката на девојчето со обетки тврди дека ушите на бебето се помеки кога тоа е помало и дека нејзината ќерка „не ни реагирала“.
„Кога имаат два или три дена, не чувствуваат болка како кога имаат една или две години“, напиша таа.
Инаку Лара е најслаткото бебе со големи сини очи како кукла.
Други се согласија дека е сосема нормално девојчињата да ги дупчат ушите веднаш штом ќе се родат.
„Искрено, и јас би го направил истото“, одговори еден човек.
Најголем дел од коментарите се дека за овие работи одлучува исклучиво семејството и дека не треба да се грижиме за туѓите деца.
Она што многумина се прашуваат е како болницата можела да дозволи такво нешто ако знаеме дека на новороденото бебе секако веднаш не му се потребни никакви промени на телото.
Што мислите вие за ова?
извор:yumama