Зголемено обезбедување пред влезот: Морбидни закани пристигнуваат на клиниката каде е сместено детето-убиец
Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, на која е сместен тринаесет годишниот Коста К. кој во средата со пиштолот на својот татко уби осум деца и училишен чувар од ОУ „Владислав Рибникар“ , а рани шест ученици и еден наставник, добива морбидни закани. Како што пренесуваат српските медиуми, поради опасност од идни инциденти во установата, зголемено е обезбедувањето пред влезот на клиниката.
Со оглед на тоа што Коста К. нема наполнето 14 години, тој не одговара кривично па затоа се наоѓа во специјално детско одделение.
Потсетуваме, како што беше утврдено, момчето планирало масовно убиство веќе еден месец, а она што е утврдено по прегледот на неговиот телефон е тоа дека тој свесно го извршил убиството на своите врсници и на училишниот чувар бидејќи, непосредно пред кривичното дело, тој на интернет го пребарувал Кривичниот законик на Србија со цел да истражи дали децата можат кривично да одговараат.
Со оглед на тоа што Коста К. нема наполнето 14 години, тој не одговара кривично и затоа во моментов се наоѓа на специјално детско одделение, додека не се донесе решение.
Фото:е-stock/natasarajkovic/tvpink