Жика Јакшиќ заљубен е во 20 години помлада девојка: Беше во брак со фудбалер на „Црвена ѕвезда“, членка е на УНЕСКО и убава е како кукла

Добивај вести на Viber

Српскиот водител од познатото регионално музичко шоу „Никогаш не е доцна“, Жика Јакшиќ веќе подолго време е во врска со дваесет години помладата Тијана Мијаиловиќ.

Водителот се труди својот приватен живот да го држи што подалеку од очите на јавноста, но кога се појавија видеа на кои тој се гушка со убава и згодна жена, интересот стана уште поголем.

Станува збор за Тијана Мијаиловиќ, која беше во брак со поранешниот фудбалер на Црвена звезда, Никола Мијаиловиќ, со кој има син. Инаку, Тијана на Инстаграм е потпишана како „The mother of dragon“, а дополнително во описот на профилот стои дека се занимава со екологија и менаџмент, како и дека е членка на УНЕСКО.

<blockquote class="twitter-tweet"><p lang="und" dir="ltr">Devojka Žike Jakšića <a href="https://t.co/RbcOd3cL0K">pic.twitter.com/RbcOd3cL0K</a></p>&mdash; Malagaravaa (@vaskekopirinac) <a href="https://twitter.com/vaskekopirinac/status/1760800189994987957?ref_src=twsrc%5Etfw">February 22, 2024</a></blockquote> <script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>

„Жика опасно се заљуби во неа, таа не е јавна личност и воопшто не сака да биде во таблоидите, со оглед на тоа дека работи сериозна работа и не и треба таков маркетинг. Се познаваат одамна, имаат заеднички пријатели, но никогаш не се дружеле и не биле блиски. Пред шест месеци почнаа се почесто да се среќаваат и да излегуваат заедно и почнаа првите љубовни искри. Жика беше тој кој требаше да се потруди малку повеќе“, открил близок пријател на Жика за „Стар“ и додал:

„Уживаат во љубовта, почнаа да живеат заедно и тој се смени откако е со неа. Пред оваа врска сакаше да здивне, да се опушти со друштво и да ужива во вино или нешто посилно, но бидејќи е во врска , ретко излегува и пие.Па, новата љубов навистина го стави во ред, често се шегуваме со него дека не може да се оддалечи од девојка“.

Пријателот на Жика изјавил и дека водителот сега е поинаков маж и дека неговите синови добро ја прифатиле неговата нова девојка, како и таа нив.

Фото: Инстаграм/ Принтскрин
Извор: Мondo.rs