Ѕирнете во вилата на Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ: Издвоиле 500 000 евра за семеен дом полн со детали
Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ набргу по нивната венчавка купиле куќа на Бежанијска коса.
Парот го опреми семејниот дом по нивен вкус, но многу детали сè уште се таму за уживање на нивниот син Александар.
Како што објавија тамошните медиуми, тие платиле 500.000 евра за луксузен имот во Белград.
Вилата е опкружена со висока метална порта и е заобиколена со силни бели ѕидови на три ката. Во целиот простор доминираат големи прозорци, па домот е исполнет со светлина.
Светлиот мебел и свилените завеси го красат ентериерот на сите соби, а нема премногу детали - минимализмот и елеганцијата биле нивните главни мотиви.
Во куќата има и неколку гломазни огледала, а на Александра посебно и се допаѓа големото во спалната соба, пред кое често се фотографира.
Стилизираниот мебел во позадина на сликите на пејачката од платформата Инстаграм одлично се вклопува со сите комбинации кои Пријовиќ ги избира за излегување.
Секое одбрано парче што го краси ентериерот на оваа прекрасна вила е избрано со вкус и умереност.