Жито Лукс ќе донира производи во Народната кујна во Шуто Оризари
Со донација од брашно и леб, Жито Лукс ќе го помага
работењето на Народната кујна што денеска се отвори во Шуто Оризари. Компанијата
Жито Лукс го поддржа проектот на Општина Шуто Оризари и го поздравува отворањето
на народната кујна како начин на вистинска и искрена грижа за оние што имаат
потреба.
“Постоењето на народна кујна е концепт во којшто како компанија силно веруваме и затоа го поддржуваме, да се даде непосредна, континуирана, секојдневна помош на лицата на кои помошта им e најпотребна. Со секојдневна донација ќе бидеме присутни и тука, овозможувајќи граѓаните кои се во социјален ризик да добијат топол оброк и свежо печен леб. Веруваме дека оваа народна кујна ќе биде место каде што сите граѓани што имаат потреба ќе најдат топол оброки овој пример ќе се следи и понатаму и во другите градови каде што има потреба”, велат од Жито Лукс.
Народната кујна е проценето дека секојдневно ќе опслужува повеќе од 200 семејства кои се во социјален ризик.