Жив оган на сцена, а зад неа целосна спротивност: Што крие Мики Секуловски од „Ѕвездите на Гранд“?
Уште кога се појави во „Ѕвезда Гранда“- Ѕвездите на Гранд, нашиот Мики Секуловски привлекува големо внимание кај јавноста.
Неговите енергични настапи, харизма и силниот глас оставаат впечаток што покрај Исак Шабановиќ и Александар Јосифовски конечно во најгледаното музичко шоу се појави рокер кој може да им конкурира.
Иако на сцената е жив оган, Секуловски тврди дека надвор од сцената е токму спротивното.
- Прво морам да ви кажам дека никогаш не вежбам, верувајте. Тоа некако ми доаѓа природно, можеби ме носи адреналинот, па правам некои работи на сцената кои вообичаено не би ги правел. Приватно сум повлечен и многу смирен – открил Мики за Гранд.
Мики во интервју за Гранд истакна дека се уште не го дал најдоброто од себе, а публиката од него може да го очекува само најдоброто.
- Ова беше многу подобар настап за мене од последниот бидејќи тогаш бев болен. Иако сè уште сум на околу 80 отсто од моите можности, дефинитивно е подобро. Навистина сум задоволен – гордо истакна за Гранд, а потоа откри што му кажала неговата менторка Цеца пред настапот.
- Менторот ми рече да ја дадам мојата енергија што ја имам, да бидам храбар и мислам дека сето тоа го направив, дека си ја завршив работата како што треба. Цеца беше задоволна - изјави Мики.
Со оглед на тоа што од почетокот на оваа сезона покажа дека е фанатик во сите музички жанрови, Секуловски за Гранд откри како ги избира песните што ќе ги изведе пред славната осумка.
-Секогаш ги избирам песните со Цеца, предлагам нешто, а таа предлага нешто, па наоѓаме заеднички јазик. Ивана Питерс е секогаш тука да ни помогне, некако сите гласаме и потоа ја избираме песната со која ќе се претставам - објасни пејачот.
А, еве го интервјуто што неодамна го даде за Женски магазин