„Жива сум благодарение на моите сестри“: Од една модринка на ногата завршила на хемотерапија, па на трансплантација – Била на работ на смртта

Добивај вести на Viber

„Ја изгубивме нашата мајка кога бевме млади, но се имаме една со друга“

Лесли Мејстон споделува блискост со нејзините сестри што ја надминува вообичаената врска - без нивна помош, таа можеби немало сега да биде жива.

- Секогаш бевме многу блиски, но никогаш не дозволив да заборават колку сум им благодарна што се уште сум тука. Моите помали сестри Керол и Сузан ми го спасија животот – изјавила таа.

Се започна со една модринка

Нејзините сестри за прв пат „скокнале за помош“ во октомври 2003 година, кога на Лесли и била дијагностицирана акутна лимфобластична леукемија, редок вид на рак на крвта кој потекнува од белите крвни зрнца во коскената срцевина. Првиот знак дека нешто не е во ред е огромната модринка која се појавила на горниот дел од ногата. Неколку недели чувствувала силен замор и главоболки, проследени со крв во урината.

По одење во болница, тестовите на крвта ја откриле причината.

По трансфузијата на крв почнала интензивен курс на хемотерапија. Процедурата била успешна, а нејзиниот рак бил ставен во ремисија, што било клучно за следниот чекор - трансплантација на матични клетки чија цел е да ја оживее способноста на телото да генерира нови крвни клетки.

Со оглед на тоа што главни донатори најчесто се роднините, ја информирале дека тоа ќе бидат нејзините сестри. Во април 2004 година, Сузан го одложи својот третман со ИВФ за наместо тоа да донира матични клетки. Т-клетките биле извлечени од нејзиниот крвоток за да ги нападнат абнормалните клетки.

- Ми земаа крв од феморалната артерија (горниот дел на бутот), за што беа потребни околу пет часа. По обработката отиде во пластична кеса и изгледаше како сок од розов грејпфрут Трансплантацијата на матични клетки беше завршена брзо, за само 30 минути и успешно, отворајќи го патот кон иднината на Лесли.

Меѓутоа, во август 2004 година, Лесли се заразила со цитомегаловирус, безопасен за повеќето, но речиси фатален за нејзиниот ослабен имунолошки систем.

- Не знаеја дали ќе ја преживеам ноќта, бубрезите почнаа да ми откажуваат. Потоа завршив на дијализа.

За жал, работите не се подобриле и Лесли набрзо морала да направи трансплантација на бубрег.

- Сузан веднаш понуди, но тоа не доаѓаше во предвид. Како можеш да побараш од некој што еднаш ти го спасил животот, да го направи тоа повторно – вели Лесли.

По четири години, кога телото на Лесли закрепнало од вирусот и ракот, Керол го донирала нејзиниот бубрег.

- Сузан ми го спаси животот првиот пат, а Керол вториот пат. Не само што го спасија, туку и го вратија квалитетот. Ја изгубивме нашата мајка кога бевме млади, но сега се имаме една со друга  - изјавила Лесли, цитирана од „Мирор“.

Фото: Фејсбук/ The Clatterbridge Cancer Centar
Извор: Ona.rs