Живејте го животот за себе, не за Инстаграм и лажните совршенства: Сања Савеска со искрена порака
Ве фрустрираат ли совршените слики и животи на социјалните мрежи ? (Не треба, бидејќи 99% се лажни), прашува Сања Савеска актуелната тв водителка на емисијата Брза кујна.
Водителката, на Инстаграм сподели свој став поттикната од смртта на познатиот Жарко Лаушевиќ .
„Ретко филозофирам и пишувам објави подолги од што треба, порано го правев тоа многу почесто, но оддамна сфатив дека никој не ја цени искреноста и скромноста на една личност, или пак за тоа зборуваат откако таа личност ќе замине засекогаш. Но денес ме поттикна токму заминувањето на една таква личност да се потсетам на вистинските вредности.
Тој кажа а ја само го потврдувам јадот и мизеријата во кои живееме.
„Денес не вредиш ако немаш ПАРИ. Денес сите ти ја вртат главата ако од тебе немаат КОРИСТ. Денес многумина ја менуваат љубовта за ПАРИ.
Денес си јаден и смешен ако си добар.
Денес си ГЛУП и НАИВЕН ако си искрен. Денес не вреди ако си ЧОВЕК.
Затоа што денес најдобро поминуваат СКОТОВИТЕ , додека добрите страдаат“! - Жарко Лаушевиќ.
Немојте да се менувате за да ве почитуваат, сликајте се баш какви што сте, во истите комбинации по сто пати ако треба, на било кое место каде во моментот се чуствувате вистински среќни, сами средете се, не мора да плаќате стилисти, бидете добри, искрени, помагајте, живејте го животот за себе, не за другите, не за Инстаграм...Бидете искрени со себе! Не им давајте значење на материјалните работи! Живејте за љубов!
Да ставиме заедно крај на лажните совршенства!“ - напиша Савеска на социјалните мрежи.
Сања отсекогаш била скромна и искрена. Така и овој пат.