Живот без деца, три брака зад себе: Ѕвездата на „Сексот и градот“ денес полни 62 години
Популарната актерка Ким Катрал позната по улогата на Саманта Џонс од „Сексот и градот“ денес го слави 62-от роденден.
Ким Катрал е родена во Англија, но на една година со родителите се отселува во Канада каде го завршува средното образование. Потоа продолжува на Академија за музика и драмски уметности во Лондон, а образованието го продолжува во Њујорк на американската Академија за драмски уметности.
Катрал зад себе има три брака. Две години беше со Лари Дејвис, а седум години со Андре Лисон. Во тој период, таа живеела во Франкфурт, каде научила течно да го зборува германскиот јазик. Третиот брак со Марк Левинсон траеше од 1998 до 2004 година.
Иако зад себе има голем број филмски остварувања, сепак улогата на Саманта Џонс во „Сексот и градот“ буквално и ја одбележа целата кариера. Иако таа тврди дека во приватноста не води живот како ликот на Саманта, сепак таа е се уште инспирација за голем број млади девојки ширум светот, а особено популарна е нејзината реплика: „Те сакам, но се сакам себеси повеќе“.
Иако било предвидено Сара Џесика Паркер, која ја глуми Кели Бредшо во серијата да биде носечки лик, сепак улогата на Катрал е незаменлива и без неа, ниту серијата, ниту филмовите немаше да бидат толку популарни.
Покрај тоа што не ја крие својата сексуалност, Саманта Џонс во „Сексот и градот“ е претставена како успешна независна жена, која се изборува со ракот и успева да отвори своја ПР агенција.
Неодамна, светските медиуми објавија дека братот на Катрал бил пронајден мртов. Сара Џесика Паркер по тој повод и упати јавна поддршка на актерката, која бурно и возврати истакнувајќи дека тие две никогаш не биле пријателки, со што се потврдуваат гласините дека не се согласувале ни во текот на снимањето на филмовите и серијата.
Ким Катрал смело чекори во седмата деценија, има свој став и знае како да се носи со славата и годините.