„Животот е убав само ако ви е убо во душата“: Владимир Четкар заедно со брат му во Фиренца – Еве колку си личат
Познатиот македонски џез музичар, Владимир Четкар заедно фотографиран во Фиренца со неговиот брат, Васко.
На првата заедничка фотографија Четкар напиша: „Почнуваме со кафе, но завршуваме силно! – Со брат ми во Фиренца“.
И навистина така направиле, следната фотографија е како наздравуваат со чаша пиво. Очигледно Четкар одлично се забавувал со неговиот брат од објавените фотографии и видеа, а имало и повод за одлична журка, роденденот на Васко.
„Животот е убав само ако ви е убо во душата“, напишал музичарот на една фотографија.
Инаку Васко во 2011 година беше избран како директор на престижното културно случување кај нас „Охридско лето“.
Од Фиренца, Четкар патувањето го продолжил на Аеродромот во Франкфурт, па од таму до Илиноис – Чикаго каде во еден период од неговиот живот тоа беше негов втор дом, а за овој петок најави свирка во Њујорк.
Фото: Инстаграм