„Животот со тебе е магичен“: Јелена Спенџарска емотивна за две години врска со дечкото
Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска е една од дамите кај нас која искрено зборува на многу теми, најчесто таа тоа го прави на својот инстаграм профил и отворено начнала теми за кои многу жени не би зборувале јавно.
Зборува за навредите на социјалните мрежи, колку таа работела на себе, споделува дел од своето секојдневие, местата кои ги посетува, а сега откри дека токму денес слави годишнина со своето момче, кое е од Грција.
„Животот со тебе е магичен. Среќна годишнина.“, напиша Спенџарска на фотката на која се таа и Лукас.
Инаку, Јелена редовно се пофалува дека Лукас е многу внимателен и вистински џентлмен, кој неретко ја изненадува со букет цвеќе и со повод и без повод и потенцира дека досега не била во ваква здрава и функционална врска.
Водителката од почетокот на минатата 2023 година живее во Солун, Грција заедно со дечкото и во Македонија доаѓа поради работни обврски. А очигледно животот во нашиот јужен сосед покрај море ѝ годи, па полека но сигурно водителката почнува да го „присвојува“ начинот на живот кој го наметнува оваа земја, стилот на облекување и останатите работи по кои жените во Грција се посебни, а толку поразлични од нас.
Спенџарска за целулитот и за вишокот килограми во интервју за Женски магазин вели дека: „Јас го прифатив фактот дека сите имаме целулит и не се срамам воопшто од тоа, но барем естетски сакам тоа да изгледа, да не биде too much, да не биде како воопшто да не ми е гајле. Зборам лично за себе, имам во главата некој свој идеал за моето тело, како се замислувам во костим за капење и се обидувам колку можам да се држам до тоа, пазам на исхрана, трчам, еве два месеци бев на кето, но гледам дека и со текот на годините телото малку потешко се оформува“, повеќе прочитајте ОВДЕ.
Фото: Инстаграм
Р.Ж.М.