„ЗЛАТНА БУБАМАРА“ ЗА КОПРОВ: „Црно тиквешко“ крие интересна музичка приказна

Добивај вести на Viber

На реномираниот македонски автор Григор Копров вечерва ќе му биде врачено признание за животно дело на 22-та „Златна бубамара на популарноста“. Во својата 45-годишна творечка дејност Копров има создадено многу фолк и поп хитови. Тоше Проески, Маја Оџаклиевска, Калиопи, Владо Калембер, Владо Јаневски, Ана Костовска, „Силви бенд“, Каролина Гочева, Марјан Стојаноски и Андријана Јаневска се дел од изведувачите кои снимиле негови рефрени. Повеќе од две децении е уметнички директор на фестивалот „Охрид фест - охридски трубадури“ што самиот го основа.

Еден од најголемите негови хитови, безвременската балада „Црно тиквешко“ крие интересна приказна, создаден во периодот кога се распадна дуото „Ластовица“. Стиховите за една од најубавите љубовни теми на Владо Јаневски изворно се напишани за песната „Кучка неверна“, на таа мелодиска линија.

- Кога се разиде со Роберт Саздов, Владо си го повлече текстот. На една наша случајна средба ми раскажа што се случило и брзо се договоривме јас да ја работам музиката на текстот кој беше одамна готов - ни откри Григор Копров во една прилика. 

Ѓ.С.