Знае и да пее: Која е Колинда Грабар-Китаровиќ зад камерите?
Првата жена претседател на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ стана една од најпознатите светски лидери, откако Хрватска загуби од Франција во финалето на Светскиот мундијал во Русија.
Покрај страста за фудбалот, деновиве Колинда покажа дека има и афинитети кон пеењето. Имено претседателката на Хрватска, ја запеа песната на Томсон „Липа ли си” во Њујорк, каде ќе учествува на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации.
Таа е родена на 29-ти април 1968-ма година во Риека како ќерка на Дубравка и Бранко Грабар. Студирала една година во средното училиште Лос Аламос во Ново Мексико, а исто така студирала во Загреб, Виена, Вашингтон и Харвард, пред да ги заврши докторските студии во својата татковина. Таа е Магистер по Меѓународни односи на Факултетот за политички науки во Загреб.
По победата во вториот круг на 11-ти јануари 2015-та година на хрватските претседателски избори против претседателот социјалист Иво Јосиповиќ, таа ќе стане 4-тиот претседател на Хрватска на 19-ти февруари 2015-та година. Воедно таа е првата жена претседател на Хрватска.
Од 2011-та до 2014-та година Грабар-Китаровиќ работи како помошник генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО. Таа е првата жена помошник генерален секретар на НАТО. Пред тоа е министер за европски работи (2003-2005) и министер за надворешни и европски работи (2005-2008) во Владата на Иво Санадер и хрватски амбасадор во САД (2008-2011). Таа е член на конзервативната партија Хрватска демократска заедница од 1993-та година и е еден од тројцата хрватски членови на Трилатералната комисија.
Колинда е исто така мултилингвист, течно зборува хрватски, англиски, шпански и португалски, а исто така го разбира германскиот, францускиот и италијанскиот јазик.
Не пропушти ниту еден натпревар на Светското Првенство, освен оној во полуфиналето против Англија, бидејќи беше на самитот на НАТО во Брисел, каде повторно се појави во стилот на „коцкестите“.
Го почитува католичкото христијанство и обичаите. Секогаш патува во економска класа.
Колинда е во брак со Јаков Китаровиќ уште од 1996-тата година. Тие се запознале додека студирале во Загреб, таа на Филизофски, а тој на Факултетот за електроника и компјутери (исто така, завршил студии на Факултетот за поморски студии на Универзитетот во Риека). Тие имаа слична образовна патека, со оглед на тоа дека четвртата година од гимназија ја завршија во Америка. Тој беше голем поддржувач на Колинда за време на нејзината политичка кариера. Двојката Китаровиќ го има синот Лука и ќерката Катарина, која се занимава со уметничко лизгање.