„Знам во што сакам да ме погребаат, избрав фустан“: Потресни зборови на Шерон додека како лавица се бореше со ракот
Американската актерка Шенон Доерти (53) почина во саботата по долга борба со ракот на дојката, кој ѝ беше дијагностициран во 2015 година. По терапија и мирна фаза, болеста се вратила и немало надеж дека ќе закрепне.
Покојната Шенон Доерти често споделуваше потресни објави во тоа време.
- Дали некогаш сте почувствувале дека имате толку многу да кажете, а знаете дека нема да можете - беше една од објавите на познатата актерка.
ПОЧИНА ШЕНОН ДОЕРТИ! Познатата холивудска актерка ја загуби долгогодишната битка со ракот
- Човек се измори во залудна борба. Така таа се изморила во битката со ракот. Иако не се откажува, свесна е дека нејзиното заминување е блиску бидејќи наодите се прилично лоши и воопшто не ветуваат - изјави тогаш близок извор на актерката.
Актерката за последното збогување ја избрала и песната „Tears in Heaven“, а открила и во што сака да биде погребана.
- Знам како сакам да одам на другиот свет. Подготвив фустан кој го добив од една од моите најдобри пријателки пред неколку години. Се чувствувам посебно во него. Сакам да бидам убава. Сакам да останам во најдобро сеќавање за сите. Во последните месеци се обидувам да поправам некои врски, да им се извинам на луѓето што ги повредив - свесно или несвесно. Сакам да го живеам животот максимално и да уживам во малкуто време што ми преостанува – изјавила Шенон за американските медиуми.
фото: инстаграм принтскрин