ПОЧИНА ШЕНОН ДОЕРТИ! Познатата холивудска актерка ја загуби долгогодишната битка со ракот

Добивај вести на Viber

Познатата холивудска актерка Шенон Доерти почина во саботата на 13 јули на 53-годишна возраст по долга борба со ракот. Тажната вест ја потврди Лесли Слоун, нејзиниот портпарол за американскиот магазин „Пипл“.

„Шенон Доерти беше посветена ќерка, сестра, тетка и пријателка, а таа почина опкружена со своите најблиски, вклучувајќи го и нејзиното куче Боуви. Семејството во овој момент бара приватност за да можат да тагуваат на мир“, додал Слоун.

Речиси децениската битка на Шенон Доерти со ракот на дојката

Да потсетиме, на ѕвездата од култните серии „Чари“ и „Беверли Хилс 90210“ првпат и беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. Актерката успеа да се справи со оваа состојба, а болеста отиде во ремисија, но беше краткотрајна - веќе во 2017 година, ракот се врати.

„Дефинитивно имам денови кога велам: „А зошто јас? И тогаш си велам: „А зошто не јас? Кој друг? Никој не го залсужува ова“.

„Мојот рак е повторно тука, за неколку дена или недели ќе видите дали сум во четврт стадиум. Мислам дека сè уште не сум го прифатила. Тоа е горчливо апче за голтање на многу начини“, низ солзи изјави актерката во 2020 година во емисијата „Добро утро Америка“.

Таа три години криела од јавноста дека повторно има рак, од 2017 до 2020 година.