ЗОРИЦА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Добивај вести на Viber

Името Зорица потекнува од зборот „зора“ и е старословенско народно име. Општата именка „зора“ (почеток на денот, изгрејсонце) е земена како лично име. Во старословенската митологија, Зора е божица на утрото и зората. 

Се верува дека името Зорица најмногу го добиле деца кои биле родени во зори. Исто така се верува дека овие деца се капеле во утринската роса и со тоа биле заштитени од сите нечистотии, зли сили и непријатели. Исто така, се верувало дека се заштитени од грешни мисли и зли дела во текот на животот.