Зошто чувствувате болка при сексуалниот однос?
Кај жени од сите возрасти, болката за време на интимниот однос е многу честа појава, додека справувањето со овој проблем е многу стресно.
Една студија во Британија покажа дека една од десет жени во Обединетото Кралство, на возраст од 16 до 74 години, страдаат од нарушување или синдром на болка при сексуален однос.
Студијата објавена во „BJOG: Меѓународен весник на акушерство и гинекологија" вклучи 7.000 сексуално активни жени. Истражувањето наведува дека болки при интимниот однос, имаат жени меѓу 55 и 64 години, но исто така и жени на возраст од 16-24 години. Во исто време, овој проблем беше најизразен кога станува збор за сексуалните ситуации кои се стресни за жените.
Кирстин Милеч, која го спроведе ова истражување, вели дека има три најчести причини.
„Понекогаш тоа е непозната медицинска состојба или инфекција. Кај некои жени постои недоверба и несигурност да разговараат со својот партнер за тоа што сакаат и што не сакаат. Затоа, жените имаат „сексуални активности" кои не им се пријатни и не ги уживаат. Некои се вознемирени и не се релаксираат за време на односот, и затоа се појавуваат болки ", вели таа.
Студијата нагласува дека секој треба да го прави само она што го ужива и отворено да зборува за интимни прашања со својот партнер. Во исто време, студијата ги охрабрува оние кои чувствуваат болка за време на сексот да бараат стручна помош за да ја откријат причината и целосно да уживаат во интимните односи со својот партнер.