Животна училница // Приказни
Нина Ангеловска и Жарко Димитриоски рангирани на листата на Forbes ’30 Under 30′ за 2018
Магазинот Forbes ги идентификува триесетте најдобри и најветувачки претприемачи под 30 години во дваесет различни индустрии. На овогодишната листа ’30 Under 30′ опфатени се вкупно 600 претприемачи од сите категории, а на неа се најдоа и девет имиња на млади визионери од Балканот вклучувајќи двајца од Македонија. Од Македонија рангирани се Нина Ангеловска од Grouper и Жарко Димитриоски од Еден на Еден.
Нина Ангеловска, коосновач на Grouper.mk, во 2011 година на 21 година победи на национален натпревар со својот бизнис план со што го лансираше Grouper.mk, македонската прва онлајн платформа за купување на зделки. Во тој период, само 1% од Македонците имаа навика да купуваат онлајн, а денес Grouper.mk има повеќе од 2 500 трговски партнери и 170 000 регистрирани корисници. Интересно е што оваа номинација, се појави токму на 7годишнината од основањето на Групер.
Жарко Димитриоски, коосновач на Еден на Еден, ја основаше оваа маркетинг агенција заедно со својот брат во 2012 година. Познат е како ТВ водител, а откако ја основаше агенцијата, истата прерасна во компанија со 25 вработени која опслужува некои од најпознатите македонски брендови.