Ќе се распаднам, ама се држам: Емотивна посвета на Биба Додева
На годишнината од смртта на својата мајка Олгица Јанева, познатата пејачка и хуманистка Биба Додева напиша емотивна порака која ја сподели со нејзините следбеници на социјалните мрежи.
- Година помина, ама некои денови тешко врват. Ми фалиш мамо. Понекогаш толку многу боли, па не сакам ни да помислам дека не си со нас повеќе и си ја голтам тагата во себе, стискам заби и ќутам. Зошто ако проговорам колку ме боли што не си со мене и си признаам на себе, ќе се распаднам. Ама се држам.. Се држам за Емче и Алекс и се трудам да бидам добра мајка и баба како ти што беше за мене и за Емче.. Знаеш дека никогаш не сум сакала да доаѓам често на гробишта.. Но, нема да може никогаш да бидеш заборавена затоа што сум парче откинато од тебе.. Затоа што твојот вечен дом ќе биде во моето срце.. Те сакам мамо. Твојата Биби – напиша таа на „Фејсбук“.