Животна училница // Приказни
Маја Лазаревска: Се иселивме во Австралија за подобра иднина
- 27 Јули, 2018
Ние сме едни од тие 600.000 иселени за подобар живот. Со Дарко дојдовме кај наши другари кои од Скопје се преселија во Мелбурн неколку години пред нас. И тие ни беа огромна поддршка првата година, раскажува поранешната манекенка Маја Лазаревска во интервју за порталот „7Дена“.
Лазаревска и нејзиниот сопруг, кошаркарот Дарко Станимировиќ,одлучија иднината да си ја коват илјадници километри далеку од дома. Велат дека е тажно да оставите се и да заминете, но кога знаете дека сте направиле голем чекор за подобра иднина на своите деца тогаш е лесно, пишува порталот „7Дена“.