Пејачката Викторија Лоба, откако го промовираше албумот „Нов свет“ не престана да добива подароци со кои ја изненадуваат нејзините фанови. Лоба на својот Инстаграм профил објави дека е многу среќна, но ѝ фалат уште неколку часа во денот за да може да се наспие.
„Голема желба ми е во денот да имам плус барем 3-4 часа екстра за да можам да стигнам сѐ на време. И да се наспијам. Веќе не се сеќавам кога се имам наспано на раат, но кога ги гледам резултатите од мојата работа , сфаќам дека мојата ненаспаност се исплати. Ви посакувам на сите да ја имате работата од вашите соништа“,вели Лоба.
Таа сними и англиска верзија на албумот „Нов свет“.